Радио Милева „фарбање на стапче“

Во уста па на коса: Лила покажа дека не секој сладолед е само за лижење, туку некои се и за шатирање?! (ВИДЕО)

Во уста па на коса: Лила покажа дека не секој сладолед е само за лижење, туку некои се и за шатирање?! (ВИДЕО)

Лила Филиповска перидов е во фокусот на јавноста. Всушност најпознатата и најдолговечна македонска ТВ водителка е постојано актуелна, но последното излагање на Боки 13 во поткастот кај Лазаров ја вчудовиди нацијата, зашто „затвореникот на привремена пауза“  во рафална стрелба со сиот свој арсенал навредливи зборови ја нападна и оцрни некогашната негова „прва другарка“!

Лила на ова не возврати, не барем јавно, но затоа и не престана да си го живее животот по свое. Така, првомајскиот викенд таа во добро друштво реши да го помине на една од плажите кај нашиот јужен сосед.  А до најблиската морска станица отаде граница, најбргу се доѓа преку преминот Дојран – Дојрани. Или Лила има лошо искуство и трауми од минатото да минува граница на Богородица?

„Од кал да е, Филип да е“, па нејзиниот придружник на песокот крај морскиот брег на Егејот, во случајов еден згоден и фин господин, кој случајно или не, има исто име како и нејзиниот син.

А кога сонцето малку посилно ќе запече, освежувањето е неизбежно. Морето е да се освежиш, ама по освежувањето треба и да се засладиш.

А Лила, не само како водителка, туку како и успешна инфлуенсерка и тоа како знае како да го спои убавото и корисното со слаткото… Како поинаку во случајов, ако не  „рекламата в уста“! И тоа на стапче!

Зашто сладоледот е иделна комбинација и за орално освежување и за засладување… Пред или после пливање, сеедно!  Или едноставно тогаш кога душата нешто да каснеш ти бара, а на плажа како што е познато,  не се врти првомајска скара!

Арно ама, за нештата да бидат уште почудни и тоа толку многу што на нив и самата Лила не можеше да им се изначуди, се погрижил некој кој се грижи за нега на косата!

Имено, Лила сподели едно видеоклипче, на кое сладоледот на стапче не е само за во уста, туку и за на коса! Верувале или не, ама Лила покажа  дека не секој сладолед е само за лижење, туку некои се и за шатирање?! Дали и на нејзината коса – е друго прашање!?

 

Ама ако подобро ја загледате, не може да не забележите дека долгата брановидна коса на Лила исто така е шатирана!

Дали посветлите нијанси на прамените и кај водителката се извадени  со помош на „рекламата што се лиже“ или не, засега освен неа и нејзиниот фризер – никој не знае!

Фото и видео: Инстаграм/lilafilipovska

 

To top