Еден од најактивните пејачи на македонската естрада, Јоце Панов, во месец ноември најави дека поминува доста време во студио потготвувајќи нова песна која треба наскоро да биде презентирана пред публиката. Како вети, така и направи, песната „Во туѓина“ е подготвена, па Јоце се огласи на своите профили на социјалните мрежи:
-Драги мои, Со гордост Ви ја претставувам “U tudjini”. Проект на кој интензивно работев последниот период со голема љубов и ентузијазам. Музика: Рама Дамир, текстот и аранжманот е на Јоце, додека продукцијата е на Љупчо Павловски. Спотот е реализиран од видео продукцијата General Film Studio – Dario Jankovic General, во режија на Ана Марија Јанковиќ. Голема благодарност до тимот кој вложи огромен труд и креативност за “U tudjini” да содржи бура од емоција, копнеж, болка, надеж…. Благодарам до оние кои ја помогнаа реализацијата на овој проект и препознаа квалитет: Вам, кои ме подржувате повеќе од 20 години во оваа песна ви дарив дел од својата душа. Се надевам дека ќе ви се допадне. Ваш Јоце Панов.
Инаку, Панов откри и дека подготвува голем проект, кој ќе се реализира на почетокот на следната година, со кој Панов ќе ја изненади својата публика. После повеќе од 50 објавени песни, многу освоени меѓународни награди и признанија и повеќе од две децении кариера ова ќе биде големо изненадување за публиката која секој викенд ги полни клубовите низ земјата, Балканот и дијаспората.
Деталите за проектот ќе буидат познати наскоро, а Панов со голем ентузијазам и полна пареа работи на подготовките за овој проект.
фото:You Tube printscreen/Joce Panov