Радио Милева Баба Мразица со здравица

Во новогодишно руво како секси Баба Мразица: Македонската пејачка во празничнo расположение пред објективот (видео)

Во новогодишно руво како секси Баба Мразица: Македонската пејачка во празничнo расположение пред објективот  (видео)

Македонската пејачка Јуле Николовска која пее од народно до забавно, сега е во центарот на вниманието поради нешто сосема друго.

Како што доликува пред Нова година, секси Баба Мразиците во костим ја загреваат атмосферата, а  меѓу естрадните уметници на социјалната мрежа Инстаграм прва се огласи Јуле.

Периодот кој следи е резервиран за убаво расположение и здравица, па  пејачката  понесена од тој  празничен дух  го потврди токму тоа.

 

Николовска овој пат застана пред објективот на фотографот, позирајќи со чаша црвено вино како секси Баба Мразица.

Таа ги истакна сите облини во тесниот црвен фустан, а во фокус на видеото кое го сподели  беше насмевката која не ја трга од лицето.

 

Јуле на следбениците им покажа како изгледа флерувањето во граници на добриот вкус и не мора да бидат нужно вулгарни.

 

Јуле е веќе во длабоко предновогодишно  расположение, а да се надеваме дека што побргу и уште повеќе ќе ги размрда и нејзините колешки.

фото: printscreen/instgaram/julenikolovska1

To top