Лице в лице празнична поткаст бајка

Во „Ништо лично“ на гости ни беше Дедо Мраз: „Си пораснал тогаш кога наместо Дедо Мраз желба ќе посакаш да ти исполни…Снежана!“ (ВИДЕО)

Во „Ништо лично“ на гости ни беше Дедо Мраз: „Си пораснал тогаш кога наместо Дедо Мраз желба ќе посакаш да ти исполни…Снежана!“ (ВИДЕО)

Не сме деца, ама на гости ни дојде Дедо Мраз… И наместо бајки и басни ни раскажа еден куп “прикаски за возрасни”… Од политички до еротски… Во секој случај поучни, забавни и интересни!

Колку го чинеше годинава Дедо Мраз пакетче по глава на дете, дали торбата со подароци за едно семејство чини помалку од нивната месечна потрошувачка кошничка, прави ли ребаланс на буџетот за подароци и дали за тоа му треба двотретинско мнозинство од џуџињата, што им порача на нашите Дедомразовци од најважните владини ресори, а што на наједнаквиот меѓу еднаквите, главатарот на македонските Дедомразовци?

Кои од елените му се омилени, Елена Велевска, Елена Ристевска или некоја трета Елена? Зошто Дедо Мраз нема Баба Мразица, може ли најсаканиот старец со бела брада да го замени жена и ако е млада, атрактивна  и згодна како таа би се викала: баба Мразица, дада Мразица или секси Мразица? Дали за Нова Година треба да се носи  црвена долна облека и зошто?

Дали си пораснал кога наместо Дедо Мраз ќе посакаш подарок да добиеш од Снежана, дали и колку дедо Мраз ги препознава познатите Македонки (с)облечени како секси дада Мразици…?

Ако веќе го проследивте, направете го тоа уште еднаш… Оти нема зијан од поучни работи.

Ако пак не сте, проследете го во продолжение, зашто од Дедо Мраз никаде нема да слушнете ништо слично, како овде во празничното издание на интер ток шоуто „Ништо лично“ со Антонио Димитриевски! Среќни празници!

П.С. Премиерата на „Ништо лично“  оди секоја среда од 20 часот на YouTube  каналот на курирМК (Kurir – YouTube)

 

To top