Љупка Митрова е на нова дестинација… Струмичката инфлуенсерка и модел, ги спакува куферите и замина на море… Овој пат во Шпанија, на толку посакуваната дестинација за журки и забава, единствената Ибица.
А кога си на островот кој никогаш не спие, на кој забавата трае 24/7 и дење и ноќе без престан и така со денови и месеци во круг, ништо не ти преостанува освен и ти да и се пруклучиш на толпата која како во транс танцува, пие, се сонча, капе и ужива во оваа неизмерна убавина.
Она што е повеќе од евидентно дека целата атмосфера не само што пулсира во звуците на музиката и задоволствота кои се редат едно по друго како во конвој, туку истата е исполнета со силен еротски набој.
Дека забавата е на максимум, ама и возбудата пуштена на најсилно е повеќе од евидентно, зашто уште во јуни Ибица е полна со разголени га*иња како за на рекламна шпица… Ултра танга бикини, кои ги истакнуваат сите облини и однапред и одзади, нудејќи изобилство на бујни гради и разголени задници на мноштвото убавици.
Сепак, се чини дека најубавата задница на Ибица и припаѓа на една Македонка, на сексапилната, телесно раскошно надарена струмичанка, Љупка Митрова.
Зашто кога таа ќе се појави на журката во мини бикини нејзиниот телесен раскош веднаш отскокнува од сите убавини на околината.
Уште пак кога и ќе почне да танцува на гласната музика, заводливо нишајќи ги колковите и вртејќи мешајќи со извајаната овална задница во која тангата длабоко потонала, струмичката убавица не можете да не ја забележите.
Еротски танц на зајдисонце во кој колку сонцето и да ви пречи, ќе останете со широко ококорени очи, фокусирани таму каде што погледот најмногу се кочи!
Па дури и тогаш кога ќе заминете на ладење, на студен пијалак или влажна купка, во мислите долго ќе ви стои возбудата од сликата на извајаната позадина на расната Љупка!
View this post on Instagram
Фото и видео: Инстаграм/ljupka_mitrova