Внукот на покојната легенда на фолк музиката Шабан Шаулиќ, младиот фудбалер Лука Аџиќ и неговата избраничка Александра чекаат бебе.
Александра и Лука ја споделија радосната вест со сите на мрежите, а парот откри дека наскоро на свет доаѓа уште една девојка.
– Љубовта доаѓа! Нашиот мал тим од соништата станува побогат за уште една принцеза! Сестра, мама и тато едвај ја чекаат нашата радост – напиша Лука.
За потсетување, двојката ја доби првата ќерка во 2021 година.
фото: printskrin/instagram/adzinho17