Владимир Владо Калембер беше мегапопуларна фаца во осумдесеттите години па и нешто подоцна. Жените лудуваа по него и беа подготвени на се, па поради една своја обожавателка тој завршил во полиција.
Пејачот сега проговори за таа ситуација и детално раскажа кога полицијата го привела на загрепскиот аеродром. За да стигнат до своите идоли, обожавателките биле подготвени на се’, особено оние тинејџерките. Поради тинејџерка Владо и бил приведен од полицијата на аеродромот во Загреб.
„Ме однесоа во една соба и ми споменаа едно женско име, дали го знам или не? Оставила порака дома, го сакам, одам да земам автограм и исценирала дека сме во врска, дека се сакаме, а татко и беше влијателен во политиката, па средил полиција да дојде кај мене“… се присети Владо.
Калембер беше жртва и на многу лаги кои кружеа за него. Дефинитивно најлошото што го слушнал за себе е тоа дека се обесил:
„Тоа дури го објавија и во весник. Бев во Германија, тогаш немаше мобилни, се качувам во авион за дома после три месеци престој, а стјуардесата вели: Уште си жив…? Не се сеќавам дека сум бил на толку насловни страници после тоа, демек: „Жив сум“, е само една е од многуте приказни кои кружеа за него.
Владо Калембер и во својата осма деценија сè уште опива генерации со својот подзарипнат глас и шармантен изглед.