Пејачката Викторија Лоба покрај по својот глас, препознатлива е по својот впечатлив руски изглед од продорните сините очи, нежен лик, долгата руса коса…
Пејачката ова лето очигледно е решена на поголеми промени, кога се оние визуелно естетските во прашење, па откако направи шишки, сега посака да бидат пократки од првичните.

Убавицата на која од почетокот на кариерата долгата руса коса и е заштитен знак, после долги години се реши на промена.
Велат дека жените прават промена на косата кога им се случуваат и промени во животот, а кај Лоба видливо е дека се позитивни.

Фотографиите со новата фризура собраа низа позитивни реакции и коментари и сите и порачаа едно: дека и вака изгледа одлично, ама на поновите фотки поразлично изгледаат и нејзините усни, односно поволуменозно од она каква ја знаеме.

Дали стави милилитар хијалуронски филер или има некој кармин за таков ефект кој очигледно делува, знае самата, ама промените очигледно се тука.

Природно и ненаметливо, убавата Лоба сепак останува своја и препознатлива.
Инаку, пејачката неодамна помина неколку дена во Охрид со мајка си Татјана која живее во странство, па не пропуштија да објават заеднички фотки каде изгледаат како две другарки.

За потсетување, Лоба е родена во Таганрог, Ростовска Област, а на 8 години се преселила со мајка ѝ во Македонија, која пак се омажи непосредно пред свадбата на ќерката пред три години. Лоба пак, во 2019 година доби и македонско државјанство и стана сопруга на бизнисменот Ѓорѓи Калешов.
фото:Instagram printscreen/victorialoba





