Пејачката Викторија Лоба често е во интеракција со своите следбеници и фанови, особено припадничките на понежниот пол на кои редовно им сугерира за се’ она што таа го користи и промовира од своите инфлуенсерски ангажмани.
Но овој пат станува збор за нешто поразлично, односно Лоба откри дел од она што што е непознато во јавноста за неа, дел од нејзината приватност, а го знаат само најблиските.
View this post on Instagram
Почна со она што е нејзината духовна храна, она што ја полни со позитивна енергија, црпи инспирација, мотивација, поттик…
-Силата ја црпам од водата (море, езеро, океан). И концертите во живо , таа музичка комуникација со вас ме исполнува и ја пали таа искра на сила и инспирација.
Следното за кое реши да проговори е тоа дека е делумно вегератијанец, ако воопшто може така да се нарече, односно дека не јаде месо, а за кафето и алкохолот има свои правила.
-Не јадам месо, само риба и морски продукти. Пијам кафе еднаш во денот после 12 ч попладне или воопшто не пијам и така подобро се чувствувам. Исто така не пијам алкохол воопшто, но може голтка вино за живели.
И за крај сподели и за проблемот кој ја мачи уште од дете, а во лето го истиот го имаат многумина.
-Имам ужасна алергија на убод од комарци уште од дете. Мојата голема желба е да измислат лек/ вакцина да не ме касаат веќе зошто очигледно се опседнати со мене, завршува Лоба која за крај на оваа виртуелна интеракција си доби многу коментари и пофалби кои разбирливо и годеа, па се пофали со истите.
фото:instagram printscreen/ victorialoba