Промотер евровизиски афро римејк

„Зови ме Лена“ е новата „афро саунд“ преработка на Роберт Билбилов, диџеј Никифор и Тамара Тодевска (АУДИО)

„Зови ме Лена“ е новата „афро саунд“ преработка на Роберт Билбилов, диџеј Никифор и Тамара Тодевска (АУДИО)

Тамара Тодевска заедно со Роберт Билбилов и диџеј Никифор ја преработи песната „Зови ме Лена“ (Викај ме Лена) од српската пејачка Лена Ковачевиќ. Со оваа песна, таа се натпреваруваше на српскиот избор за Евровизија годинава.

Оваа преработка е најава за новиот албум на Билбилов со уметничко име Just RB и диџеј Никифор, насловен „Африканска кралица“ (African Queen). Албумот е инспириран од африканската музичка култура.

Автор на музиката на песната е Дарко Димитров, кој заедно со Билбилов и Лазар Цветкоски работеше на оригиналната верзија.

„Тамара Тодевска како еден од најдобрите женски вокали со своите енергија и сензибилитет даде нова вредност на песната. Публиката има можност да слушне музика која е во духот на африканските звуци и култура“, велат Билбилов и Никифор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tamara Todevska (@tamaratodevska)

„Среќна сум што на овој римејк работев заедно со моите добри пријатели и соработници Роберт Билбилов и Никифор, секако и Дарко Димитров и Лазар Цветкоски, кои се дел од целиот проект. Работата во студиото се одвиваше брзо, во една убава атмосфера и динамика, како што е и самата песна“, додава Тодевска.

Како звучи оваа нивна верзија на „Зови ме Лена“ , проследете во просолжение.

Фото: Инстаграм/justrbproduction/

To top