Висината на го прави човекот, неговата големина треба да биде многу повеќе од физичка.
Но, доблест е и кога се прифаќа физичкиот недостаток во метри и сантиметри, токму како што тоа го прави Владимир Блажев или попознат како Панчо ДНК.
На шегите за висината на Пане и Ноне не им се знае број, ама Ноне е во убедливо водство. Овој пат не се појави нов виц за едниот или другиот, туку Панчо сам си се пошегува на своја сметка, ја истакна својата „големина“, а покажа дека во животот е важно да се снајдеш, за да живееш и се вклопиш подобро.
View this post on Instagram
Имено, тој беше гостин во утринската програма на Канал 5 телевизија , а домаќинка тоа утро за гостите беше Вера Мештеровиќ.
Расната и маркантна водителка и поранешна мисица е позната по својата раскошна појава и височина, а кога до неа требаше да застане Панчо Шорти, разликите беа како Мон Блан и Водно.
Ама тој навикнат на ваквите ситуации, реши да си се снајде, да се пошегува на сопствена сметка, па и да ги насмее другите. Се качи на столче, па дури ја помина Вера.
Во коментари самиот си напиша дека е зипуван Перо Анитиќ или од Али Експрес, а и на тоа имаше одговор од Перо со „џеџуле мое“.
Во животот се’ излегува дека треба да се снајдеш за да ти биде подобро, а Панчо тоа добро знае како да го изведе, дури и покрај жена како Вера.
фото:Instagram printscreen/ djshortypofficial/ veramesterovic