Вељко Ражнтовиќ и неговата сопруга Богдана имаат три сина: Жељко, Крстан и Исаија.
Иако отсекогаш нагласувал дека би сакал да има што повеќе деца, Вељко Ражнатовиќ неодамна сподели со јавноста дека тој и Богдана можат да добијат уште едно дете.
Како Цеца, така и Вељко не крие дека би сакал мало девојче дополнително да им го разубави животот.
– Се надевам дека четвртиот… Мислам, сега ќе паузираме затоа што сме во тотално лудило. Но, навистина се надевам дека четвртото дете ќе биде девојче и дека ќе биде најмлата принцеза на тато. Ќе има некоја разлика меѓу сите и така натаму – призна Ражнатовиќ за тамошните медиуми.
Цеца по третото раѓање на Богдана изјави дека би сакала да има внука.
– Нема ништо поубаво што може да му се случи на човек. Што е Божја волја, ќе биде. Убаво би било да добијат девојче – рекла Цеца.
Сепак, по породувањето со третиот син, Богдана ќе направи пауза од бременост.
фото:Instagram printscreen/bogdanaraznatoviiic