Со својата жешка објава пред околу две години таа го „запали“ Инстаграм споделувајќи еротска уметност на необичен начин или поточно, на необично место. Имено, тогаш некогашната ТВ водителката, сега инфлуенсерка Ведрана Ѓорѓевиќ го понуди своето извајано тело за бомбастичен боди-арт.

Фатално привлечна, со принт на дива мачка атрактивната убавица тогаш го истакна сиот свој сексапил, но не заради туѓа возбуда, туку пат наменски, со една цел – за активизам во кампањата за борба против родовото насилство, кое за жал и денес е горлива тема. Уметникот бил инспириран од единствената Рафаела Кара, која како што стои во објавата, беше симбол на слободата, силата и радоста.

А, Ведрана со сета своја раскошна телесна убавина, извајаното тело, бујните атрибути и долгите манекенски нозе, само ја зачинила идејата, привлекувајќи мноштво „влажни погледи“ кон уметничката магија, отсликана на телото на расната македонска убавица! Расната инфлуенсерка во манир на дива ѕверка или поточно како возбудлива „жена – мачка“ со сето свое раскошно телесно изобилство тогаш во активизам за кампања против родовото насилство!

Сега, две години подоцна,нејзиниот боди-арт уметник и самта Ведрана излегоа со нова најава: „Бидете така, новиот боди-арт перформас – следува“.
Што ќе содржи и како ќе изгледа, – ќе видиме допрва. Сепак едно е сигурно: Кога е во прашање ваква заводлива секси мачка како Ведрана – возбудата е загарантирана. останатото е во доменот на уметничката визија на боди-арт мајсторот.

Во меѓувреме, за да ја „подгрее“ атмосферата во новата најава, Ведрана и самата споделила видео-моменти од чинот на еротската уметност и блиц кадри од позирањето за негова презентација.

Ведрана како „жена – мачка“ исцртана, во секој кадар со секоја фото-поза буди возбуда и ве остава без здив, без да трепнете, од која страна и да ја погледнете. Каква ли возбуда допрва следува, во новата сесија телесна уметност, може само да си замислите.

Фото и видео: Инстаграм/vedrana_edrana






