Да се работи на утринска програма е предизвик за медиумските работници и тоа нималку едноставен. Тргнувајќи од фактот дека треба да си буден уште во мугрите, брзо расонет и концентриран, а со тоа и експресно фокусиран за пред камерите кои ќе се вклучат и ќе почнат да снимаат, а тоа да се пренесува пред гледачите во живо.
Оттука, овој професионален ангажман за водителите со искуството станува редовна пракса и навика, ама секој момент може да биде ставен пред некој неочекуван чин како во случајот на водителот Ване Маркоски и колешката Кристина Талеска кои беа тандем во студио за тековниот ден.
И токму кога ќе помислат дека се подготвени и секој дел од нив е буден и на готовс, оној што може да потрфли, особено наутро може да биде било кој, овој пат тоа беше Ване.
Како љубител на задолжителна доза утринско кафе, Mаркоски веројатно не ја прими потребната количина кофеин пред да почне да се снима, па ги помеша „лончињата“ односно презимињата на колешките и тоа едната во пензија.
View this post on Instagram
Откако стана свесен за грешката им се извини на гледачите и колешката, а за да продолжи со следниот блок од временска прогноза, неговата колешка од студио, Кристина, му напоимена да се напие уште некоја голтка кафе пред да продолжи.
Со видеото кое Ване го постави на социјалните мрежи покажа дека кога се емитува во живо, тогаш се’ e неочекувано само среба да си вешт и да се снајдеш како вистински профеционалец, шармантно баш како Ване.
фото:Instagram printscreen/vanemarkoski_
and kristina.taleska