Радио Милева лични сеќавања

„Вака водевме емисии“ – Милена Антовска се потсети на 2020 -та година

„Вака водевме емисии“ – Милена Антовска се потсети на 2020 -та  година

Не беше многу одамна, но не беше ниту вчера. Можеби за некои е лично искуство, иако сите се трудат да го заборават тој период. Остави длабоки последици врз луѓето, а од тогаш многу се смени ставот кон здравјето и животот воопшто.

Милена Антовска се потсети на тие денови кога маска на лицето беше задолжителна – дури и кога ќе влезеше во студиото на емисија. Водителката сподели фотографија од 2020 година, пред точно пет години, кога започна непознатиот период на пандемијата со Ковид-19.

„2020-та за време на корона… Вака водевме емисии“, напиша таа во описот, додавајќи тажен емотикон .

Па, кого ако не јавните личности да ја потсетат јавноста дека маската беше клучна заштитна мерка, заедно со сите останати протоколи.  Милена не навлезе во детали за личните сеќавања, туку само нагласи дека вака, со маски, ги водеа емисиите со колегите.

Тоа време е сега минато, а со текот на годините останува само да станеме посилни и поодлучни пред секое непознато.

Foto: print screen/Instagram/milena_antovska

To top