Радио Милева „дали крајот вака мириса?“

Уште еден знак дека за Џеј Ло и Бен Афлек ќе има втор крај: Славниот пар ја продава вилата што ја купија заедно (фото)

Уште еден знак дека за Џеј Ло и Бен Афлек ќе има втор крај: Славниот пар ја продава вилата што ја купија заедно (фото)

Џенифер Лопез и Бен Афлек ја продаваат својата семејна куќа во Беверли Хилс, Калифорнија поради брачната криза и гласините за можен развод.

ТМЗ објави дека двојката ангажирала агент за недвижнини за да го продаде домот што заедно го купиле минатиот мај. На пазарот е веќе две недели, но се уште нема купувачи.

Вилата има 17 спални соби, 30 бањи и паркинг за 80 возила. Има и затворен спортски комплекс, простор за рекреација на отворено, базен и пространи терени.

Веста за продажбата на вилата доаѓа по бројните гласини за брачната криза на холивудската двојка. Афлек наводно живее одвоено од сопругата, а Лопез неодамна била забележана без бурмата, што дополнително ги убедило сите дека парот е во лоши односи.

Лопез неодамна ја откажа најавената турнеја, а изјави дека е тажна и уништена што ги разочарала своите фанови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Prime Video (@primevideo)

Овој неочекуван потег во кариерата може да се поврзе со гласините дека таа и актерот се на работ на развод, а изворите тврдат дека Џеј Ло морала да одвои време за да биде со семејството и блиските пријатели.

фото: Printscreen You Tube/ X

To top