Постарата ќерка на Здравко Чолиќ е многу популарна на социјалните мрежи.
Уна Чолиќ до детали го покажува својот живот, а сега ги изненади сите.
Имено, Уна по сите пресметки е вљубена до уши, а на својот Инстаграм профил покажала фотографии со своето момче, но неговото лице го сокрила.
Двајцата отпатувале за Словенија, а Уна сподели романтични кадри од оваа земја.
Тие прво се возеле на мотор, а Уна силно го прегрнала својат сакан, а потоа отишле во ресторан каде наздравувале со вино.
Да потсетиме, Здравко Чолиќ неодамна зборуваше за своето семејство:
– Горд сум на моето мало семејство, малите девојчиња, две девојчиња, сега девојки. Жената се грижи повеќе. Да беше до мене, се ќе дозволив.Таа ме критикува, но така е.Од друга страна, не можам да бидам премногу строг, некако е тешко, на моменти можам да станам малку посериозен. Претежно сум попустлив – изјави неодамна Чола за телевизијата „Е“.
фото: printskrin/instgaram/unacolic