Уна Чолиќ, ќерка на Здравко Чолиќ, објави провокативни фотографии од јахта во Шпанија.
Имено, Уна позираше во кафеав фустан, а сите гледаа во нејзиното бујно деколте.

Уна се фотографираше од сите можни агли, а жешките фотографии го „запалија“ интернетот, а лајковите и коментарите само се насобраа.

Патем, постарата ќерка на Здравко Чолиќ, Уна (23), веќе долго време ужива во врска со 10 години постарото момче, што неодамна го покажа и јавно.
Здравко, патем, неодамна не штедеше пари за летниот одмор на своето семејство, а сакаше и да му обезбеди на својот зет, 10 години постарото момче на Уна, комплетна атмосфера, па затоа избра петѕвезден хотел каде што ноќевањето чини речиси 400 евра.

Сепак, тоа не е сè. Неговите наследнички се навикнати на чист луксуз – јадат само најскапа храна, одат на приватни плажи, ги користат сите третмани што ги нуди хотелот, а за тоа, Здравко наводно „потрошил“ уште 15.000 евра.
Foto: Printscreen Instagram/unacolic







