Улогата на Џеј Рамадановски во филмот „Недеља“ го врати Хусеин Алијевиќ Хуса во центарот на медиумското внимание. Така дознавме дека некогаш популарниот танчер во меѓувреме се оженил. Сопругата на Хуса, пејачката Андреа Досен, со која ја има двегодишната ќерка Хана, е 21 година помлада од него.
– Андреа дојде како лек за раната, создадена пред да се запознаеме. Со неа добив семејство, кое секогаш ми недостигаше – искрено призна Хуса, зборувајќи за „HELLO“.
View this post on Instagram
Хуса и Андреа се запознале пред осум години, за време на снимањето на спотот на неговите пријатели. Таа дојде со пријател кој е шминкер. Таа немаше поим која е Хуса Бит, што не треба да изненадува со оглед на разликата во годините.
View this post on Instagram
– Андреа е 21 година помлада од мене. Не ми паѓаше на памет дека еден ден ќе се венчаме, дека ќе имаме дете. Имавме доволно среќа судбината да ни ги пресече патиштата. Од другарството се роди љубов, а потоа дојде редот на бракот – изјави тој.
Според него, сопругата на Хуса е премногу сериозна, а тој е малку детинест и затоа совршено се надополнуваат.
View this post on Instagram
Танчерот од првиот брак ја има петнаесетгодишната ќерка Дора, а Хана ја доби со Андреа.
– Не е лесно да се биде татко на оваа возраст, особено кога имаш активно дете кое некогаш е на маса, некогаш на шкаф. Но, тоа е слатка болка – призна тој.
фото:Instagram printscreen/ dosenova