Промотер

„Убав е“ новиот летен ритам на Сара Мејс (видео)

„Убав е“ новиот летен ритам на Сара Мејс (видео)

Сара Мејс создаде нова музичка приказна, хит што лесно влегува во уши, а тешко се заборава.

Емотивната и енергична „Убав е“ е авторско дело на Сара (музика и текст), за аранжманот, продукцијата на микс и мастер се погрижи Роберт Билбилов кој внесе диско ритам.

Видеоспот пак е снимен на плажи во Грција и во Скопје.

Сара, преку својот препознатлив стил, длабока емоција и уметничка елеганција, ја раскажува приказната на една жена што се преиспитува и се „бори“ со себе.

Погледнете:

фото:You tube printscreen

To top