Франческа Иствуд, ќерка на познатиот актер и режисер Клинт Иствуд, е уапсена под обвинение за семејно насилство во Беверли Хилс, пишува The New York Post.
Имено, таа по расправија го повредила нејзиното долгогодишно момче Александар Рит во Беверли Хилс, а потоа била пуштена од притвор со висока кауција.
– Во сабота, 12.10.2024 година, околу 22.42 часот, полициското одделение одговорило на повик за можен инцидент со семејно насилство. Полицајците спроведоа истрага и врз основа на изјави и повреди, Франческа Рут Фишер Иствуд од Лос Анџелес беше уапсена за кривично дело семејно насилство. Таа е задржана во притвор – се наведува во соопштението.
View this post on Instagram
Според информациите, Франческа се скарала со своето момче додека возела во Беверли Хилс. Тепачката наводно ескалирала и станала физичка. Откако полицијата дошла и ги земала изјавите на двете страни и ги проценувала повредите, кои според локалните медиуми ги имал момчето, полицијата ја уапсила наследничката на Клинт Иствуд.
Нејзиното момче одбило лекарска помош, а Франческа била пуштена од полициски притвор откако платила кауција од 50.000 долари. Полицијата не го објави идентитетот на наводната жртва во согласност со законите во Калифорнија.
View this post on Instagram
Франческа е во врска со актерот Александар Реит со кој го има шестгодишниот син Титан.
Двојката ја објави својата романса на црвениот тепих во 2018 година. Франческа во тоа време веќе беше бремена.
фото: printscreen/instagram