Цеце Орешкова, сега Георгиев некогаш беше една од најпознатите македонски манекенки и најхрабри фото модели кои чекореле по модната писта. Откако ја заврши таа фаза од животот, манекенството речиси комплетно ги замни со нова страст… Јавањето коњи или поточно, џокејството. Тоа ќе и стане повеќе од само пасија, туку нова љубов!
За жал, се што е убаво има свој крај, свој животен циклус, и порано или подоцна, по редот на нештата или прислно, мора да заврши… А кога таа невидлива нитка ќе се прекине, болката станува многу посилна и од љубовта… Неподнослива! Како онаа кога Цеце мораше да се прости од својот најверен пријател и љубимец Чарли, чиј живот за жал, морал да згасне.
„Една слика илјада зборови …. Нема потреба ни од еден кажан збор повеќе… Чарли Ти Благодарам за сите овие девет години што беше дел од мојот живот, за секој убав момент со тебе за секој миг исполнет со љубов … За жал во овој натпревар не излеговме со победа, но сепак те потапшав по врат и ти дозволив да одиш, нека ме боли мене без тебе само ти галопирај во спокој… И вистинската љубов никогаш не гасне , имаш посебно место во моето срце и во моите спомени… Засекогаш ќе бидеш мојот еден и единствен…“ – напиша тогаш Цеце кака своевиден проштален епитаф од нејзиното тркачко грло и голема љубов.
И можеби затоа најновата објава на нејзините Инстаграм приказни многумина не само што изненади, туку и ги шокираше кога видоа што тоа Цеце постираше!? Кој тоа сега и спие во прегратки наместо нејзиниот Чарли? Па затоа и сите зачудено се прашуваа, како е можно, дали е фер, Цеце Георгиев коњот да го замени со гуштер!? Нејзината утринска рутина кај некои предизвика лутина, па дури отидоа до таму да си помислат, како не и е жал, замена за Чарли да и биде Паскал?
Арно ама приказната има сосема поинаква позадина.
Имено Цеце е позната како голем, огромен љубител на животни, па не ни чудно што дома чува голема зелена игуана, која не е единствениот домашен миленик, зашто тука е и нејзиното куче, доберманот Арма…
Затоа ако некој само и помисли дека Цеце Георгиев спаднала од коњ на гуштер, тој е тотален „дунстер“! Игуаната Паскал никако не може да биде утеха за ненадминливата загуба на нејзиното грло Чарли. Но, за среќа, нејзиното омилено место коњичкиот клуб „Бравадос“ се’ уште е тука на истото место, па Цеце го посетува многу често.
А таму се и останатите грла од ергелата во која Цеце (тешко) може да ја најде замената?
Не дека секој од овие прекрасни коњи не е убав и нема од Бога дар ли…? Ама сепак… Само еден и единствен беше Чарли!
Фото: Инстаграм/cecegeorgiev