Цеца Ражнатовиќ пред новото снимање на „Ѕвезда Гранда“ зборуваше со српските новинари, и се осврна на наводите дека купила имот во Авала.
Цеца ги негираше наводите дека има куќа, но откри дека планира голем проект.
– Вчера прашаа за Авала бидејќи ме изненадија. Слушнав дека сум купила стан, ако некој го најде тој стан, нека ме извести итно, инаку, планирам да изградам фарма, свињарска фарма во Авала, и тоа е единствената вистина – тврди Ражнатовиќ, која откри дека ќе вклучи стручен персонал.

Цеца ги сподели своите впечатоци од првата емисија што се емитуваше минатата сабота.
– Фантастично, многу сум горда на овогодинешните кандидати. Дури и не ги слушнавме сите, ќе имаме соодветни ривали за победа. Вложени се многу пари за сето тоа да изгледа убаво и спакувано, па мислам дека ќе биде добра сезона, привлечна сезона и им посакувам и нам и на нив многу среќа, кажа Цеца за „Гранд“.
фото:Instagram printscreen/ cecaraznatovic




