Балканската фолк ѕвезда Цеца Ражнатовиќ освен по она што најдобро го прави децении наназад- пеењето, таа од пред извесен период седна и на водителско столче од нејзиното „Цеца Шоу“.
Оние кои и доаѓаат на гости во студио, најчесто се нејзини колеги од Србија, но за некои сегменти нејзините потреби, желби и вкус целат кон Македонија.
Па така, ако меѓу членовите на своите музичари го зема нашиот Мики Секуловски кој е нејзин редовен придружен вокал на настапи, сега Цеца реши да има комплетно македонски моден печат на себе.
Имено, Цеца во едно од нејзинте најнови и последни изданија на „Цеца Шоу“ облече дводелна минималистичка комбинација во пурпурна нијанса со потисот на младата успешна модна дизајнерка од Неготино, Моника Димова.
Елегантно, префинето и едноставно со детали од копчиња во златна нијанса во пределот на градите, но ултра впечатливо издание кое на блаканската ѕвезда и прилегаше совршено.
За тоа дека Цеца носи нејзин дизајн од колекцијата пролет/лето 2024, се пофали и самата Моника.
Инаку, Моника Димова студирала на институтот Marangoni во Милано, Италија, каде и живеела извесно време. Димова е препознатлива по луксузната женска облека која ја создава.
Сите креации ѝ се изработени со внимателно одбрани и исклучиво висококвалитетни материјали, а најчесто работи интернационално и има клиени од цел свет: Англија, Америка (Лос Ангелес, Њујорк), Италија, Франција и Саудиска Арабија.
фото:Instagram printscreen/cecaidecashow/ monikadimovaofficial