Ако за снимањето на минатата емисија „Ѕвездите на Гранд“, Цеца Ражнатовиќ се појави намуртена и бесна откако новинарите ја прашаа за скандалот во бугарското знаме во Велес, оваа недела нејзиното расположение беше чиста спротивност.
Насмеана од уво до уво, ведра и расположена за фотографирање и позирање пред камерите и фото-објективите.

Цеца се појави во краток колоритен фустан со длабоко деколте, модел од кој изгледа како да влегла во најмалото конфекциско бројче.

Моделот и не баш од модерните, па Цеца изгледаше налик тинејџерка од 90-тите со модниот избор, со исклучок на бујното деколте на изволте кое е редовна опција на пејачките од нејзиниот калибар.
Со фустанот комбинираше сина плишана чанта со златен ланец и сини сандали со високи потпетици.

Веројатно почувствува потреба за фокус од камерите на „Гранд“, па изборот падна на ваквиот стајлиг.
фото:Instagram printscreen/ cecaraznatovic



