Балканската ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ ја напушти Србија и отпатува за Дубаи, каде за 1 ден (15.11) ќе одржи спектакуларен концерт во луксузниот хотел со 5 ѕвезди „Ramee Dream“.
Како што се дознава Цеца ќе искористи неколку дена за одмор, но и подготовки за концертот.
Таа вчера во попладневните часови пристигна во Дубаи, каде што беше срдечно и љубезно пречекана од организаторот на настанот.
Тие се фотографираа заедно, а потоа Цеца се упати кон собата каде што ја чекаше изненадување.
На масата имало слатки во форма на микрофони и чевли на високи потпетици, како и бројни специјално украсени и спакувани чоколадни плочки.
Цеца не го криела воодушевувањето и им се заблагодари за топлото добредојде, , а сè можете да погледнете во видеото подолу.
фото: printscreen/instgaram/cecaraznatovicthebest