Најголемата балканска ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ објави видео од авион на Инстаграм и предизвика многу реакции. Овој пат покажа што има во нејзината чанта, вредна 40.000 евра.
Цеца објави видео од приватен авион, а потоа покажа што носи со себе на патувањето.

– Ајде да видиме што има во мојата чанта, всушност, да видам и јас бидејќи ни јас немам поим, само го пикам во чантата – рече таа, а потоа продолжи:
View this post on Instagram
– Пасош, еден телефон, друг телефон, влажни марамчиња, г-ѓа Бибер (козметиката на Хејли Бибер), крема за раце, бомбони за грло без кои не можам да функционирам… Очила за дистанца, маска за усни, огледало со моето име на кое пишува „Цеца“. Го добив ова од мојот обожавател, како и маската. Да видам што друго имам, аха, очила за далечина бидејќи имам астигматизам, па сум малку слепа на дистанца и блиску. Има и крпа за очила, парфем и секако молив за веѓи – не излегувам од дома без него.
Обожавателите реагираа ентузијастички и ја замолија за повеќе од оваа содржина, а многумина забележаа дека не носеше паричник во чантата.
Foto: print screen/Instagram/cecaraznatovic






