ТВ водителката Билјана Дебарлива традиционално како и секоја година покажа на јавноста дека заедно со сопругот ја слават љубовта, а сега во месец октомври прославија и јубилеј.
Таа заедно со Јован е 30 години во среќен брак, а по тој повод познатата водителка сподели заедничка фотографија на својот Инстаграм.
„Триесет. Љубов“ – стои кратко во описот на фотографијата.
По три децении љубовта кај нив жари, а насмевката блеска на нивните лица.
Така, Јован за овој специјален повод сподели две фотографии од локалот каде се собрале со семејството и една од времето кога се ветиле на вечна љубов, па ја означи и Билјана.
– 30 години ни поминаа брзо како да сме трепнале, тука се сликите да не потсетат за минатото, тука е фамилијата да ни ја стопли душата, тука се пријателите да ни ја извлечат насмевката… – напиша тој.
Во една прилика за медиумите Дебарлиева откри како се запзнале со сопругот.
-Во Охрид, мојот роден град. За време на летниот одмор, сосема случајно се запознавме со сопругот. Јас на гости кај моите братучетки, а тој кај неговите другари охриѓани. И така веројатно требало да биде. Од една сосема случајна средба, тоа прерасна во убава приказна која трае и денес, кажа своевремено водителката за „Женски магазин“.
фото: printscreen/instgaram/facebook