Родовите стереотипи и митови околу сексот често доведуваат до погрешни сфаќања за сексуалната желба.
Еден од тие митови, како што кажавме, е верувањето дека жените не сакаат секс толку многу како мажите.
Реалноста е малку поразлична – жените сакаат секс и веројатно за него размислуваат исто колку и мажите.
И, додека е очигледно дека жените можат да сакаат или да мразат различни работи во врска со сексот, односите и интимата, експертите укажуваат на „точките на разлика“.
Исто така, преференциите на секоја жена можат да се променат со текот на времето и во зависноста од нејзиниот сексуален партнер.
Во продолжение ви пренесуваме три едноставни работи кои, според експертите за односи, жените ги сакаат многу повеќе во сексот.
Повеќе контакт со очите
Алани Прат, експерт за сексуални односи, истакнува дека многу од жените се жалат дека нивните партнери не остваруваат доволно контакт со очите. Тогаш тие се чувствуваат изоставено од сексуалното искуство доколку постојано ги затвораат очите или само гледаат во деловите од телото. Контактот со очи може да биде една од најромантичните работи во текот на сексот.
Помалку критики
Сексот за жените често е начин на ослободување од стресот, ослободување од напнатоста, па дури и од емоционалните рани. Можат да се појават разни видови неочекувани чувства, а некои од нив можат да ве изненадат. Жените не сакаат да бидат осудени во текот на сексот. Тие само сакаат да поминат низ своите емоционални бранови.
Повеќе отворени можности
Многу од жените и не знаат дека се „полиоргазмични“. Значи, она што жените ќе кажат дека најмногу го сакат во сексот е простор и време за да можат да истражат повеќе за својата еротска природа. Според Алани Прат, поголем дел од жените повеќе од било што тежнеат за активно присуство на партнерот во текот на сексот за да го изразат своето тело, ум и љубов. Едноставно кажано – сексот не е само оргазам, туку игра, флерт и комуникација.
Извор: Кармин.мк