Поранешната кошаркарка и сегашен фитнес тренер, Едина Муса, откако се омажи за екс- сопругот на пејачката Тамара Тодевска и роди дете, повторно стана мошне актуелна во медиумите.
Таа привлекува големо внимание со својот атрактивен изглед, а исто така е премногу активна во теретаната и го одржува своето тело во топ форма.
View this post on Instagram
Нејзиното тело, по бременоста изгледа одлично, а згодната мама внимава и на храната додека вежба.
Таа сега пред следбениците сподели еден приватен момент, па им откри што не би јадела ниту во сон.

Имено, Едина јавно го сподели разговорот со сопругот, Александар Мачка, и откри што одбира за ручек после тренинг.
– За мене два Ход Дога.
– Ме зафркаваш? – одговори тој.
– Зошто?
– Ти, Ход Дог?
– Донеси ми растурен ражнич и пекарски (компир)! – заврши Едина.
Секако постот за „лажната узбуна“ што му ја приреди на Мачка го надополни со многу смајли, и додаде: На тој тренинг, Ход Дог ниту во сон не би јадела.

Едина Муса редовно тренира, што е очигледно, а пред следбениците на Инстаграм се гордее со своите резултати и ги инспирира со својата упорност. Нејзините стомачни мускули веќе се обликувани, иако неодамна се породи, а сето тоа е благодарение на правилната исхрана и тренингот. Таа е добар пример за сите оние кои тешко се воздржуваат од нездрава храна и инспирација да го засакаат здравиот начин на живот.
Foto: Printcrseen/Instagram/edina_musa







