Трагедијата во Кочани, каде што во пожар во клубот „Пулс“ загинаа 59 лица и уште едно од стрес (возачот на Брзата помош) дополнително другиот ден почина, а над 150 се повредени, потсетува на еден исто толку кобен настан кој се случил во ноќен клуб во Бразил.
Имено оваа несреќа ќе се случи на 27 јануари 2013 годинаво во ноќниот клуб „Кис“ во градот Санта Марија, во сојузната држава Рио Гранде до Сул, Бразил.
Причината за трагедијата во клубот бил исто така пожар предизвикан од пиротехнички ефекти што ги користел бендот што настапувал таа вечер. Член на бендот „Gurizada Fandangueira“ запалил пиротехнички факел за ефекти на сцената. Искрите од факелот запалиле ја акустична сунѓер – пена на таванот, која била поставена за звучна изолација, но била многу запалива. Огнот брзо се проширил, а густиот токсичен чад ги исполнил просториите, предизвикувајќи задушување кај голем дел од жртвите. Излезите биле недоволни големи и веднаш станале блокирани, а обезбедувањето на почетокот не ги пуштало луѓето да излезат, мислејќи дека се обидуваат да избегнат да си ја платат сметката.
Како последица на оваа трагедија 242 млади луѓе загинаа, а повеќе од 600 беа повредени. Истрагата покажа дека клубот немал соодветни противпожарни мерки и дозволите за работа му биле истечени и неажурирани. Неколку лица, вклучувајќи ги сопствениците на клубот и членови на бендот, беа приведени и осудени за несоодветно постапување што довело до катастрофата. Оваа трагедија потоа доведе до засилување на законите за безбедност во ноќните клубови и јавните простори низ цел Бразил.
Во името на правдата, но и оваа трагедија да не се повтори беше снимена серијата насловена „Бескрајна ноќ“ (“The Endless Night”) или како што гласи оригиналниот наслов на португалски јазик кој се зборува во Бразил, „Todo Dia a Mesma Noite“ која беше емитувана на Нетфликс (Netflix) во 2023 година,а беше инспирирана од вистинскиот настан што се случи во Санта Марија, Бразил, во 2013 година.
Погледнете го трејлерот од серијата на кое неверојатно, но се гледаат речиси идентични сцени, како при трагедијата вво дискотеката „Пулс“. Клуб исполнет со млади луѓе, пламен што се шири од таванот, паника и стампедо од луѓе кои се борат да излезат надвор од пеколниот простор… Како трагедијата опишана во сцените од серијата за бразилскиот клуб „Кис“ да ја претскажа нашата трагедија во клубот „Пулс“…
Фото и видео: Јутјуб/”The Endless Night” (Todo Dia a Mesma Noite)