Актерката Тори Спелинг се присети на последниот разговор со нејзината колешка Шенон Доерти, која почина на 13 јули годинава.
За време на последната епизода на поткастот „90210MG“, кој го води со нејзината колешка Џени Гарт, Спелинг рече дека е „крајно благодарна“ што имала можност да разговара со Доерти за последен пат.
Да потсетиме, Спелинг и Гарт не беа во добри односи со Доерти за време на снимањето на серијата „Беверли Хилс, 90210“, но се обидуваа да ги надминат проблемите.
„Искусив многу смртни случаи и не верувам во каење“, рече таа, пренесува „Мирор“.
„Но, жалам што никогаш немав време да добијам втора шанса да ги поминам работите и да ги погледнам добрите работи и да го имам последниот разговор. Се чувствувам како јас и таа да го имавме тоа и многу сум благодарна за тоа“.
Гарт тогаш рече дека ѝ е жал што немала прилика последен пат да разговара со Доерти и да ги реши нивните минати проблеми.
„Размислував за тебе, Тори, и колку си среќна што си имала време со неа и што повторно си се поврзала на некој начин на подлабоко ниво, имајќи предвид дека и двајцата сте позрели, повозрасни“, рече Гарт.
„Толку силно се бореше, беше таков воин … Низ целиот свој живот и кариерата покажа дека може да надмине сè“, истакнала актерката.
„Значи, иако знаеме дека тоа е едно зло, кое одзема сè што сакаме … Таа беше полна со надеж“.
Иако нивната врска ја одбележаа бројни расправии, Тори и Џени се простија од Шенон со емотивни пораки на социјалните мрежи.
фото:You tube printscreen/ Instagram/ X