Радио Милева малечката порасна

Том Круз не ја видел ќерка си 12 години: Сури стана полнолетна – еве како изгледа (фото)

Том Круз не ја видел ќерка си 12 години: Сури стана полнолетна – еве како изгледа (фото)

Можете ли да верувате дека ќерката на Том Круз веќе има 18 години? Како вчера да ја гледавме како безгрижно се смее во прегратките на тато… А сепак, тоа беше одамна.

Познатиот актер не го видел своето дете повеќе од една деценија, како што велат – од „скиентолошки причини“.

Кога ќе го впишете името на Сури Круз во Google, веднаш до него пишува „ќерка на Кејти Холмс“. Сите знаат кој е тато, но мама одигра клучна улога во нејзиното воспитување и воопшто во животот.

Сури живее во Њујорк, каде го прослави својот 18 роденден. Убав и на моменти дождлив ден во „Големото јаболко“ го искористила за да се прошета со пријателка.

Том не дошол ниту да и честита за полнолетството, иако според американските закони тоа всушност се постигнува на 21 година. Моментално е во Лондон каде што снима филм.

Сè уште личи на нејзината мајка, а сега Сури на себе имаше лежерен стајлинг, омилени широки тренди фармерки и сако. Беше насмеана и опуштена. Доби убави подароци од другарките, рацете и беа полни со цвеќиња.

Често се гледа со нејзината мајка во метрото. Иако Кејти е призната актерка, таа уште од самиот почеток инсистираше и двајцата да живеат како секој нормален свет.

Тоа е, во извесна смисла, и логично, особено ако се земе предвид низ што поминала за време на нејзиниот брак со Круз, кој се одржа под будното око на членовите на скиентолошката секта. Барем така се зборуваше во Холивуд.

фото:You Tube printscreen/ OSSA/ Page Six

To top