Радио Милева „боде“ во очи

Том Круз го смени личниот опис со естетски корекции, дури и хирурзите останаа шокирани: Еве што направи

Том Круз го смени личниот опис со естетски корекции, дури и хирурзите останаа шокирани: Еве што направи

На затворањето на Олимписките игри и покрај сите акробации кои ги изведе Том Круз (62) – најголемо внимание привлече неговото лице, што јасно покажува дека посегнува по естетски корекции.

Неговото лице на моменти изгледаше „замрзнато“ – се чинеше како да се напрега да се насмее или да направи каков било израз на лицето, а во исто време имаше малку надуен изглед.

Долго време се шпекулираше дека актерот потрошил преку 50.000 долари на различни козметички зафати на лицето, се со цел да го запре стареењето. Ако ги споредиме неговите сегашни фотографии со оние од 2017 година, промената во неговиот карактер е очигледна.

Пластичниот хирург Шем Јапа за „Дејли мејл“ изјави дека е можно Том Круз да направил фејслифтинг во комбинација со калемење маснотии. На мрежите се коментира дека лицето на актерот изгледа отечено.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by LA 2028 (@la28games)

„Може да биде ефикасна комбинација и тоа е операција која често ја правам сам, но треба да внимавате на количеството маснотии што го ставате во лицето. Како што старееме, се случуваат две работи, кожата се опушта така што лицето паѓа и гледате подлабоки брчки од носот до устата и волумен околу слепоочниците и средината на лицето, што може да доведе до потенок изглед. Лифтингот го враќа младешкиот изглед на ткивото на лицето, додека мастите кои се земаат од другите делови на телото, најчесто од стомакот или колковите, и се ставаат во лицето со помош на ситни инјекции, го надополнуваат изгубениот волумен. Но, тие масти сепак ќе се однесуваат како сало на стомакот, дури и на лицето. Затоа ги предупредуваме пациентите доколку се здебелат, тоа ќе биде сосема видливо на лицето, па затоа мора да бидете разумни за количеството на маснотии што се вбризгува во лицето. Докторот додаде дека вишокот маснотии на лицето изгледа карактеристично: „Тоа е отечен изглед налик на маска каде средината на лицето изгледа вкочанета“. Експертите веруваат и дека Круз правел и функционална ринопластика, ласерски третмани и дека му била извршена липосукција на пазувите и вбризгување филери во пределот на јаготките.

Конкретно, „боде“ во очи фактот што образите на Том се полни.

фото: printscreen/instagram

To top