Мегафон закажан и втор стенд- ап

Тино и Атанас „На линија“ со финале во Скопје: „Секогаш имаме материјал плус за зимница“

Тино и Атанас „На линија“ со финале во Скопје: „Секогаш имаме материјал плус за зимница“

Стенд- ап шоуто на актерите Тино и Атанас насловено „На Линија“ закажано за 21-ви ноември 2025 во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје е веќе распродадено!

Затоа, главните протагонисти на денешната прес -конференција четврток(06.Ноември), пред новинарите  открија дека закажуваат уште еден настап  од шоуто за 23-ти истиот месец.

Специјални гости за старт на вечерта ќе бидат нивните колеги и стенд-ап комичари Антонио Ташковски и Александар Михајловски.

По 4 распродадени арени, германска, европска и македонска турнеја, повеќе од 40.000 насмеани лица и безброј моменти кои влегуваат во историјата на македонската стенд-ап сцена, време е за следната голема страница за која Тино и Атанас велат дека се чувствуваат должни на скопската публика.

-И се извинувам на скопската публика што чекаше една година и ветувам дека ќе се оддолжиме со тоа што мислам дека ова ќе биде најдоброто и најзрелото од нас, кажа Тино Костадиновски, на што му се надоврза и Атанас:

-Ова ќе биде настан за позитивно расположение и лек за душишката како ментална хигиена. „На Линија“ има симболични значења, а тоа е она што не поврзува сите нас, односно да бидеме на линија едни до други. Благодарност до целата македонска публика, особено за скопјани, кажа Атанас Атанасовски.

На нашето прашање за тоа кое чувство преовладува кај нив за општествените теми, дали се искажани или секогаш недоискажани, тие велат:’

-Имаме многу материјал, складираме секогаш, како зимница, ја имаме различна, сезонски, рекоа и двајцата.

На прес- конфесренцијата присуствуваа и членови  на Македонски олимписки комитет кои на Тино и Атанас им доделија специјални благодарници за она што го работат.

Интересот за шоуто на Тино и Атанас едноставно не престанува, затоа застанете „На Линија“ и на 23-ти ноември од 20 часот во СЦ „Јане Сандански“.

Бидете дел од уште еден час по историја!

фото:Вистина.ком.мк/Instagram printscreen/tino.kostadinovski

To top