Тијана Милентијевиќ, попозната како Тијана Ем, иако најпрепознатлива како „жена од султана“, гостуваше во емисијата „Бункер“, а по тој повод коментираше бројни актуелни случувања.
Меѓу другото, таа го откри најголемиот бакшиш што го добила, допре до непријатни ситуации на настапи и туѓи критики.
– Па, генерално не сакам да зборувам за бројки, но можам да кажам дека може да се купи еден „фин“ автомобил – рече пејачката, а потоа истакна дека гостите можат да бидат непријатни кога ќе се опијанат:
– Ова се претежно приватни прослави, тоа не се случува често. Еднаш во 100 години гостите знаат да бидат непријатни, кога ќе се напијат…да те навредат, да ти кажат нешто. Тоа обично го кажуваат на уво, за никој да не чуе.
Милентијевиќ рече и дека неа ја погодуваат туѓите критики.
– Да, затоа не читам коментари. Не можам, почнувам да плачам. Катастрофа…најмногу мнозинство, да речеме се негативни.
фото: printskrin/YouTube/instagram/tijanamilentijevic.official