Радио Милева доследна на себе

Тијана Дапчевиќ со цврст став : „Ги сакам моите неправилности“

Тијана Дапчевиќ со цврст став : „Ги сакам моите неправилности“

Без разлика колку се трудат да ги исполнат критериумите, познатите личности се мета на критики секојдневно од јавноста, која смета дека е соодветно да ги осуди преку коментари на социјалните мрежи.

Иако многумина се обидуваат да не ги сфаќаат ваквите коментари лично, некои од нив не остануваат секогаш имуни па знаат да искоментираат, токму како што пред две години  направи и Тијана Дапчевиќ.

Имено, пејачката тогаш се најде во непријатна ситуација, па на својата Инстаграм приказна почувствува потреба јавно да каже, дека има чувство како корисниците на социјалните мрежи постојано ја критикуваат поради забите.

– Забележав дека имате неопислива потреба да ми пишете: „Тијана, поправи ги долните заби“. Сега, тие мои долни заби се мој заштитен знак. Значи, тие мои нерамни, неправилни долни заби се мој заштитен знак. Проблемот е што често добивам забен камен и кога малку ќе се формира, изгледа како да немам заби, како да е тоа ужасно – почна пејачката и додаде:

– Јас ја сакам таа моја неправилност и дозволете ми да бидам неправилна. Не може секој да има бели А1 заби, керамика Младеновац, жал ми е. Ги сакам моите неправилни заби, тие едноставно се криви, ништо друго. Оставете ме на мира – рече таа.

Тијана  со тоа даде дознаење дека нема никаква намера да ги корегира, а со тоа потврди дека нејзиниот  цврст став, поради критиките никогаш не би го променила, што со време се покажа дека навистина остана доследна на тоа.

фото: print Screen/Instagram

To top