3-ти февруари, ден роденден за пејачката Тијана Дапчевиќ која вчеравечер во еден белградски локал ги собра блиските пријателки и колешки за да ја обележи последната бројка од петтата животна деценија.
На профилот на Тијана пристигнаа бројни пораки желби и честитки меѓу кои секако и од Тамара која во честитката ја нагласи далечината, но дека дада секогаш и е близу во душата и мислите, а тоа и не беше нагласено така случајно.
Па така, меѓу здравици, песна, многу насмевки, раскажани анегдоти и доживувања во така големото друштво на роденденската прослава, одненадеж…
Изненадување за славеничката која од она што го дочека и надојдоа солзи на очите.
Виновник за тоа беше нејзината помлада сестра, пејачката Тамара Тодевска која заедно со саканиот Лука ја изненадија Тијана со своето присуство. Во локалот влегоа со песна, торта со свеќи, букет цвеќе, подароци, а Тијана шокирана од убаво, им пријде за прегратка.
Побубаво не можеше да биде, присуство како подарок вреден за сите пари!
Среќен роденден!
фото:Instagram printscreen/ tijana.dapcevic