Радио Милева баба, мама и внука

Тие се нејзиното се’: Животот „ја вози“ Анета Љумаковска во 5-та кога е заедно со мама Лиле и ќерката Мони (фото)

Тие се нејзиното се’: Животот „ја вози“ Анета Љумаковска во 5-та кога е заедно со мама Лиле и ќерката Мони (фото)

Кога до себе ги имаш оние кои те прават среќна, те познаваат најдобро, а истото и ти си им ним, тогаш е полесно да му се насмевнеш на живтот и секој ден да си благодарен на Бога за она и оние што ги имаш.

Фолк пејачката Анета Љумаковска со разводот по две децении брак помина преку едно големо премрежје во животот од кое излезе како друга жена, барем од она што го гледаме денес од неа.

Професионално таа функционира поинаку и со друга екипа, а приватно пак е предана на ќерката, родителите, братот, внуците.

Кога единицата, наследничката Мони ќе се врати од Германија каде наедно живее, тогаш мама Ане, баба Лиле и дедо Драги се најсреќни.

План со агенда за тоа што да прават тие денови мора да има, а со тоа и сите се спремни за акција.

Ането зад воланот, Мони од совозачко, а баба на заднно седиште, женска екипа, совршено друштво за дружба и лаф муабети тргнати на пат. А кога тие се заедно со неа, тогаш Ането животот „ја вози“ во 5 -та.

Насмевките се досема доволен доказ дека се задоволни и среќни, особено возачот кој „гази до даска“.

фотo:Instagram printscreen/anetaljumakovska2701

To top