Радио Милева ретка од ретките

„Ти благодарам за овие години, љубов и среќа“ – Весна Петрушевска со тажна објава за своето милениче (фото)

„Ти благодарам за овие години, љубов и среќа“ – Весна Петрушевска со тажна објава за своето милениче (фото)

Македонска актерка и ТВ водителка  Весна Петрушевска – Бејби  е голем љубител на животните и  дел од нејзиното семејство се милениците кои грижливо и со големо внимание ги чува.

Актерката е активна на социјалните мрежи, често споделува фотографии од професионалните ангажмани но и од секојдневието.

Денес таа објави  тажна вест дека нејзиното крзнено пријателче станало ангелче на небото.

Имено, Весна јавно сподели на кратката приказна на Инстагарам дека починал верниот четвороножен  член Уна по  18 години.

– Ума беше ретка од ретките. Ти благодарам за овие 18 години љубов и среќа. Крзнено ангелче мое – напиша таа во описот на црно белата фотографија.

 

Весна, овој тежок период веруваме дека емотивно ќе го помине, а веројатно празнината ќе ја исполни со друго домашно милениче, куче, иако ниту едно не може да биде замена за претходното.

фото: printscreen/instagram/vesnapetrushevska

To top