Пејачката Александра Младеновиќ по турбулентната врска со своето поранешно момче кое го пријавила во полиција, конечно е повторно среќно вљубена.
Таа дури неодамна пред јавноста го претстави својот нов партнер, а денес објави многу романтична фотографија со него од прославата.
Нејзиниот партнер Дарко Добричанин го прослави роденденот, а Александра му честиташе на Инстаграм:
– Среќен роденден љубов. Tи благодарам што дојдe во мојот живот и заврши се – напиша Александра заедно со песната „Денови и години“ на Нина Бадриќ.
View this post on Instagram
Да потсетиме Младеновиќ моментално е во емотивна врска со синот на познат бизнисмен кој наводно веќе е познат по врските со пејачките. Дарко не е дел од јавниот свет, иако неговото семејство е угледно и успешно. Тој е вредно момче, образовано, сака да патува низ светот, да излегува. Интересно е и тоа што ги обожава песните на Александра, како што неодамна изјавија „Курир“.
Фото: p[rintskrin/instagram