Радио Милева несекојдневно издание

„Ти благодарам боже, сѐ ова јас го заслужив“: Тијана Дапчевиќ на плажа со сопругот

„Ти благодарам боже, сѐ ова јас го заслужив“: Тијана Дапчевиќ на плажа со сопругот

Македонската пејачка со српска адреса на живеење, Тијана Дапчевиќ,  веќе некое време престојува во Грција со сопругот и синот, каде што ужива во морето, песокот, брановите и сонцето, и од каде што редовно се огласува.

Таа секојдневно добива неколку позитивни коментари, во врска со нејзиниот природен изглед, како и нејзиното совршено тело со оглед на тоа што пристојно го отстрани  вишокот килограми.

Пејачката сега објави серија фотографии на својот Инстаграм профил заедно со сопругот додека биле на плажа, а тој во таа прилика е без маица, па следбениците слободно  можеа да ја видат  неговата тетоважата што ја има на раката.

– На нашата плажа дуваше ужасен ветер, па јас и мојот Миле почнавме да истражуваме наоколу и завршивме на нереална плажа – напиша Тијана.

Тијана со камерата уловила  уште неколку кадри за што сопругот и коментирал :

– Добро Тијана, во ред е видовме сѐ и се фотографиравме, ајде сега да си одиме и рекол Миле.

 

Па, на крај си заминале и од таму,  поради јакото сонце, се разбира.

На крај сподели и глетка од морето кое моментално е пред нив и во кое максимално уживаат  и ги полнат батериите.

– Ти благодарам боже, сѐова јас го задслужив – напиша Тијана во нејзин стил.

 

Foto: printscreen/instgaram/tijana.dapcevic

To top