Мегафон По 14 години езерска магија...

„The Festival“ се сели од Дојран : Ново поглавје, нова локација, нов дом во Штип

„The Festival“ се сели од Дојран : Ново поглавје, нова локација, нов дом во Штип

„Полека и сигурно, нашата Д заедница расте. Како дете кое го напушта својот дом за да ги следи соништата, така и фестивалот тргнува по нов пат“, стои во објавата на организаторите.

Со години, Д Фестивал беше синоним за слобода, музика под ѕвездите и незаборавни изгрејсонца крај езерото. The Festival сега отвора нови хоризонти, носејќи ја својата енергија во срцето на Источна Македонија.

Останува да видиме какви изненадувања ќе донесе оваа голема промена – но едно е сигурно: фестивалскиот дух останува жив, а новиот дом ветува уште поуникатно искуство за сите љубители на музиката и авантурата.

To top