Актерката Теодора Бјелица вчера згазна на „лудиот камен“ со познат спортист.
Теодора Бјелица, ќерката на Гордана Бјелица, се омажи за фудбалерот од Хрватска, Карл Мухар.
Таа вешто го криеше Карл од очите на јавноста, па оваа вест изненади многумина, особено затоа што сите дознаа за венчавката преку социјалните мрежи.
Актерката на својот профил не објави ниту фотографии од венчавката, но затоа нејзините пријатели споделија моменти од прославата и на тој начин им открија на сите за убавата вест.
Теодора блесна во бела венчаница со спуштени прерамки, а на една фотографија ја гледаме во прегратките на нејзината мајка. Карло е роден во Загреб, а моментално игра за романски клуб.
Инаку, актерката во едно интервју пред нешто помалку од три месеци откри дека е среќно заљубена и посакува интимна венчавка.
– Отсекогаш верував дека ме чека мојата бајка. Верувам во брак, верувам во љубов. Фантазирав за имињата на децата, како што фантазира секоја девојка… – изјави тогаш убавата актерка и додаде дека би сакала многудетно семејство:
-Би сакала да имам две деца, па ќе видиме што ќе ми даде Господ… Посакувам интимна венчавка во кругот на семејството и најблиските пријатели. Хартијата не ми е толку важна, колку и чинот во кој му заветувате вечна љубов на партнерот.
Да потсетиме, Игор Којиќ, поранешниот сопруг на Северина, и Теодора Бјелица раскинаа во јули минатата година по неколку месеци врска. Како што пишуваат српските медиуми, актерката го оставила бидејќи „не бил за сериозна врска и не бил за неа“. „Не сакам повеќе да си го трошам времето“, рече тогаш таа.
Фото: printskrin/instgaram/teodorabjelica