Младата пејачка Теодора Теа Трајковска, ова лето го помина во полн сјај, а својата природна убавина ја покажа и сега во смело бикини издание.
По повод календарскиот крај на сезоната на уживање покрај вода, таа одлучи да ги сподели пред своите следбеници незаборавните летни моменти кои ги доживеала.

На фотографиите кои ги објави, пејачката зрачи со самодоверба и свежина, а покрај нив ги напиша и зборовите: „Слушнав дека летото заврши, па еве малку спомени“.


Со тоа, таа ги потсети сите дека спомените од топлите денови остануваат во нас и покрај смената на годишните времиња.

Па така, летото можеби календарски заврши, но спомените од тие моменти продолжуваат и ќе ги греат и инспирираат и нејзините обожаватели. Теа покажа дека убавината и позитивната енергија не се ограничени само на сезоната, туку се извор на сјај и во најобичните денови.
Foto: printscreen/Instagram





