Популарната пејачка Теа Таировиќ неодамна замина на меден месец со својот сопруг Иван, а детали од патувањето сподели на социјалните мрежи.
Двојката одлучи да оди на Малдивите, а Теа сподели фотографии и видеа од егзотичната дестинација. Таа и нејзиниот сопруг Иван се венчаа минатата година, но поради бројни работни обврски не можеа веднаш да патуваат на меден месец, па сега конечно најдоа време за себе и решија да уживаат во луксуз.
View this post on Instagram
На една од објавите на социјалните мрежи се гледа како уживаат на прекрасна плажа со шампањ.

Да потсетиме дека Теа доживеа професионален успех во 2025 година. Таа издаде два албума – „Аска“ и „Аска 2“, кои ја освоија публиката за кратко време и срушија рекорди во слушаност. Во меѓувреме уживање во егзотиката на егзотичните острови и океанот.
View this post on Instagram
Foto: printscreen/Instagram/ tea_tairovic



