Радио Милева

Tea без шминка:  Вака изгледа Таировиќ кога ќе се исклучат камерите (фото)

Tea без шминка:  Вака изгледа Таировиќ кога ќе се исклучат камерите (фото)

Пејачката со својот гест изненади многу обожаватели. Пејачката Теа Таировиќ важи за една од најпопуларните пејачки на овие простори.

Публиката е навикната Теа да ја гледа секогаш облечена и негувана, а сега таа направи преседан и сподели своја фотографија без шминка.

 

Таа објави фотографија во лежерно издание од студиото. Имено, таа ја врзала косата во опавче и имала слушалки на ушите, а на споменатата слика можеме да видиме и дека Теа благо се смешка.

Да потсетиме, Теа неодамна доживеа несреќа кога падна по скали и ја скрши раката. Иако лекарите во Итната помош веднаш и ставија лонгета, Теа не го откажа настапот, а оваа нејзина постапка ги изненади присутните.

-Првпат во моите кратки 28 години ги скршив рацете, но знаете дека вашата балерина не се откажува и не се пренапорува. Некако секоја година пред албумот ми се случува нешто лошо и ова време сè помина толку неочекувано глатко што само се исплашив нека, ова е добро – против малер. Шала на страна, повредата не е страшна, брзо закрепнувам, затоа подгответе се за Орашје, Куманово, Париз, Тузла, да танцуваме и пееме како никогаш досега (ако можам јас, можете и вие) – напиша пејачката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tea Tairović (@tea_tairovic)

Фото: printskrin/instgaram/tea_tairovic

To top