Поп-пејачот Влатко Лозаноски Лозано е горд татко на наследникот Марко кој изминатиот викенд наполни една годинка.
Бебенцето на Лозано пркна, а за 12-те месеци полни љубов каква ниедна досега, наголемо се славеше.

Тато, и мама чиј идентитет се уште останува непознат, ги собраа роднините и пријателите во еден скопски ресторан каде се наздравуваше, јадеше, пиеше, пееше само за Марко.

За Лозано е добропознато дека ја крие приватноста како змија нозете, ама овој пат направи роденденски исклучок, па ja покажа од домашнагта атмосфера во дневната, до онаа во ресторанот каде се славеше за роденденот на малиот Марко.

Од познатите работи е дека Лозано и браќата од „Некст тајм“ се особено блиски, а со Мартин се остварија како родители речиси во ист период.
Малата Лиана и малиот Марко веќе се „сродни души“ од пелени, дружба на татковците, ама и дружба на бебињата.

Меѓу непознатите нешта кога Лозано е во прашање, се уште стои под мистерија мајката која му го роди синчето и е љубовта на неговиот живот.
Љубовниот живот на Лозано за разлика од сега, своевремено беше транспарентен кога пејачот порано беше девет години во врска со манекенка од Валандово, Савка Грачанин со која беше и свршен, но наскоро потоа свршувачката пропадна.
Вистината кога тогаш излегува на виделина, но засега најважни се среќата и љубовта кои очигледно ги има.
Среќен роденден!
фото:Instagram printscreen/vlatkolozanoski





