Радио Милева сладок миленик

Татјана Лазаревска го прошири кругот на пријатели, само што овој најновиот, не и излегува од дома (фото)

Татјана Лазаревска го прошири кругот на пријатели, само што овој најновиот, не и излегува од дома (фото)

Фолкерката Татјана Лазаревска заедно со своето семејство, односно сопругот Новица и синовите Стефан и Петар повеќе од една деценија живее во Австралија.

Таа  од далечниот Мелбурн редовно споделува на Инстаграм и со задоволство ги известува нејзините обожаватели за сите новости кои им се случуваат во животот и работата.

Татјана  Лазаревска инаку важи за жена која секогаш блеска од позитивна енергија, со широка насмевка и распеана, а секогаш  има добра причина за тоа.

Имено, таа овој пат го покажа новиот пријател на семејството кој ги израдувал и ги расположил веднаш откако го виделе.

Пејачката сподели преслатка фотографија со која ги освои следбениците и го привлече вниманието на сите.

„Нашиот нов пријател“ – се пофали таа.

Татјана објави фотографија и видео од  својот нов миленик, малото маче кое го ставила на парче мебел па за да биде уште помило додаде и мелодија како мјаука.

 

Семејството на македонската пејачка со австралиска адреса сега е побогато со уште еден пријател, со кој заедно ќе  уживаат и пеат колку сакаат и кога сакаат, a нема ништо поубаво од тоа по дома да е весело.

фото: printscreen/instagram/tatjanalazarevska_official

To top