Поранешната учесничка на реалити ТВ, контроверзната старлета Тара Симов откри дека наскоро ќе оди под нож.
Деталите од нејзиниот приватен живот често ја заинтригираат јавноста, од турбулентни љубовни врски до конфликти со поранешните цимери, а сега, како што вели, се подготвува за естетска операција.
Имено, еден од фановите на социјалната мрежа Инстаграм ја праша Тара дали е вистина дека ќе ги корегира градите и носот, на што таа одговори потврдно.
– Дали е вистина дека ќе правиш операција на градите и носот? – беше прашањето.
– Да! Носот ми се враќа како што беше, а градите исто така не ми изгледаат како порано по доењето – напиша таа.
фото: printskrin/instagram/tarasimov